Индустриското производство во февруари 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, се намалило за 13.1 отсто. Ова денеска го соопшти Заводот за статистика, додавајќи дека индустриското производство во периодот јануари - февруари 2010 година, во однос на истиот период 2009 година е намалено за 8,3 проценти. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, бележи пораст од 0.9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 20.7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода пораст од 31.2 отсто.
Индустриското производство во февруари 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година, се намалило за 13.1 отсто.
Ова денеска го соопшти Заводот за статистика, додавајќи дека индустриското производство во периодот јануари - февруари 2010 година, во однос на истиот период 2009 година е намалено за 8,3 проценти.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, бележи пораст од 0.9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 20.7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода пораст од 31.2 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, бележи пораст кај Енергија за 6.4 отсто, додека опаѓање бележи кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 15.7 проценти, Капитални производи за 33.5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 19.0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18.3 проценти.